Водителката на временска прогноза на телевизијата Фох 2, Џесика Стар (35) пронајдена е мртва во својот стан во Детроит. Таа била на боловање поради ласерска операција на очите и неколку дена пред убиството на социјалните мрежи пишувала дека не се чувствува добро.
Патолозите констатирале дека Џесика се убила со бесење.
“ Скршено ни е срцето. Цела телевизија е во шок, не можеме да веруваме дека повеќе ќе ја нема таа прекрасна и весела жена “ – напиша на Твитер водителката на утринската програма, Ејми Ендрјуз.
Инаку, Џесика Стар била мажена и зад себе остави две малолетни деца.