Во 1976 година, докторите на Гркот Стаматис Мораитос му дијагностицирале неизлечив рак на белите дробови. Тој бил на консултации кај девет различни доктори и сите му го кажале истото, дека му останале уште шест месеци живот и дека морал да почне со агресивен третман – хемотерапија. Но, тој хемотерапијата ја одбил и се вратил во родното село во Грција.
После тоа се случило нешто неверојатно. На самиот почеток бил во депресија па по цели денови лежел во кревет, а неговата сопруга и мајка се грижеле за него. Еден ден, му се вратила желбата за живот, до душа за кратко, зошто мислел дека му останало уште малку време. Секоја недела од сабајле се качувал на еден рид каде имало црква во која неговиот дедо бил свештеник. Секој ден се дружел со селаните и пиле домашно вино.
“ Барем ќе умрам среќен”, си мислел.
По еден месец почнала да му се враќа силата. Еден ден, одлучил да насади своја градина. Не очекувал, дека толку ќе почне да работи, почнал да се буди рано и по цели денови минувал надвор на воздух. Самиот си правел ручек со зеленчукот од својата градина. Кога ќе паднела ноќта одел во локалната кафеана да игра домино до доцна во ноќта. Годините минувале, тој бил се поздрав и поздрав и така се чуствувал. Ја надоградил својата куќа со неколку соби, а годишно произведувал и до 1.5000 литри домашно вино.
По 30 години живот во такво темпо, тој доживеал 97 години и одлучил со своите резултати да ги посети лекарите за да провери што се случило. Кога се вратил кај докторите што протходно му предвиделе дека му останало уште шест месеци од животот, се зачудил бидејќи сите до еден бил мртви. Сите ги надживеал.
Овој човек починал на неверојатни 102 години, a умрел од старост.