Со имот вреден околу 14 милиони евра бизнисменот Орце Камчев гарантира дека нема да бега. Ова е најголемата сума што до сега некој ја понудил како гаранција во судот. Дали Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела.
Минатата недела на Камчев му беше продолжен притвор за Империја за нови 30 дена. Имотот и врските со странство беа дел од причините поради кои судот му го продолжи престојот во Шутка и оцени дека има и опасност од бегство но и можност да влијае на сведоци.
Мијаков и Камчев се дел од новата истрага на СЈО Империја заедно со уште 11-мина осомничени за повеке дела Оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба, измама и перење пари.