Еден од најконтроверзните менаџери починал после кратко боледување, а неодамна во тешка состојба беше примен во една клиника во Милано, по што бил итно опериран. Не е познато од што боледувал Рајола.
Тој им беше менаџер на дел од најголемите фудбалски ѕвезди, како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Џиџо Донарума, Ромелу Лукаку, Ерлинг Браут Халанд, а токму во изминатиов период беше најактивен околу трансферот на Норвежанецот.