Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.760 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 48, Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево – по 3, Велес – 2, Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 21 реинфекции.
Регистрирани сe 156 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово – по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74г), починато во болнички услови, починато на 25.04.2022 година.