Утрово околу пет часот на местото Тополје кај Иваниќ Град во сообраќајна несреќа загина поранешната учесничка во реалното шоу „Фарма“, 24 годишната Едита Птичар.
Aвтомобилот наводно го возела Едита, која загинала на лице место, а заедно со неа било и 26 годишно момче, сопственик на автомобилот. Тој завршил во болница со тешки повреди.
24 годишната Едита помина 11 недели на „Фарма“ и изјавуваше дека за неа тоа било одлично искуство.
На нејзиниот профил на Инстгарам стојат и објави од пред 21 час кога ги објавила чизмичките кои мајката и ги подарила за празниците.