Македонскиот дизајнер Сатја Грабуловски наслика копачки за Кристијано Роналдо, инспириран од неговото враќање во „Манчестер јунајтед“. Ова се истите копачки што Роналдо ги носеше во 2003 година кога првпат дојде во клубот од Олд трафорд. На копачите е нацртан ликот на фудбалерот и тоа првата слика што се појави во јавноста по неговото враќање во Манчестер. Испишани се и имињата на децата на Кристијано, а насликана е и трибината на Сер Алекс Фергусон.
Од SwithADot велат дека копачките ги цртале за во музејот на Роналдо кој се наоѓа во неговиот роден град Мадеира, но дека кога ги добил, Роналдо кажал дека ќе му ги подари на неговиот син Кристијано Јуниор.
За изработката на овие копачки се потрошени се 342 работни часа.
„Копачките ни ги даде Дерек Лион, најголемиот колекционер на копачки во светот. Тој ги имаше овие копачки во неговата колекција скоро дваесет години“, велат од дизајн студиото.
Не е првпат Роналдо да добие дизајн од Грабулоски. Тој пред неколку години доби патики на кои беше насликан неговиот лик во црно-бело и бројот 7.