Хрватските медиуми со големо внимание ја следат ситуација со ракометарот на Бутел, Денис Тот, кој се наоѓа во критична состојба по вчерашното претепување во Скопје.
Според порталот „Вечерњи“ хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.
– Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Privilege“, а снимките се исбришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.
Денис Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.
Родителите на 27-годишниот ракометар допатуваа во Скопје.
Денис Тот има 27 години и настапува во Бутел, откако минатото лето направи трансфер од екипата на Охрид, каде што помина две сезони. Има настапувано во шпанскиот Адемар Леон, а потекнува од Ѓаково.