На Светскиот ден на здравјето, 7 Април, македонскиот министер за здравство Беким Сали им подари благодарници на матичните лекари кои излегоа на протест.
Тие во знак на револт му ги вратија.
-Овие благодарници, ќе ги прифатиме во подобри времиња сега ги враќаме бидејќи сите колеги се наезадоволни- кажа еден од докторите на протестот.
Откако беа вратени благодарниците Сали рече:
„Тоа е знак дека не прифаќаат благодарница од министер кој е исто како нив од примарното здравство. Немам коментар“
Инаку, матичните лекари и стоматолози бараат зголемување на капитациониот бод кој сега за лекарите е 63 денари да биде 90 денари, а на стоматолозите е 48 денари и се бара и тој соодветно да им се зголеми