КОРОНА ДНЕВНИ БРОЈКИ: 300 новозаразени, почина едно лице

by Тони Зографски

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 180, Битола – 19, Охрид – 16, Прилеп и Кавадарци – по 13, Струмица – 9, Куманово, Велес, Гостивар, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево и Делчево – по 4, Тетово и Струга – по 3, Штип и Кочани – по 2, Неготино, Свети Николе, Дебар, Валандово, Богданци, Кратово и Крушево – по 1

Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции.

Регистрирани сe 197 оздравени пациенти од: Скопје – 129, Битола – 16, Кавадарци – 10, Прилеп и Куманово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 4, Гостивар – 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци – по 2, Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (1) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

останати вести