„Ако не сте имале Ковид, веројатно немате ниту пријатели“

by Тони Зографски

Ако досега сте немале Ковид-19, најверојатно немате ни пријатели, објави на Фејсбук јужнокорејскиот лекар и потпретседател на јужнокорејското Здружение за вакцинација, Ма Санг-хјук, а по кратко време ја избриша објавата.

„Возрасните кои не биле заразени со Ковид имаат проблеми во меѓучовечките односи“, напиша на Фејсбук Ма Санг-хјук, потпретседател на Јужнокорејското здружение за вакцинација, објави американскиот NPR.

Неговите коментари, кои брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа планина критики кај луѓето кои досега не биле болни и не се сметаат за асоцијални.

Др. Ма подоцна ја избриша објавата, тврдејќи дека користел метафора и дека не го разбрале добро.

„Сакав да истакнам колку е тешко некој да го избегне вирусот во ситуација со висока стапка на инфекција во близина“, се обиде да каже подоцна во интервју за корејски весник.

Но, тој не е првиот што користи слични „метафори“.

Мексиканскиот инфектолог Бренда Крабтри во една статија пред еден месец напиша: „Ако немате пријатели кои се заразени сега, немате пријатели“.

И двете изјави беа дадени во време кога нивните земји беа „потресени“ од нов бран на коронавирус, односно ширење на омикрон.

останати вести