Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Необјасниви болки, неспецифични, променливи симптоми …може да помине време дури да се открие за што се работи. Многу дијагностички тестови се скапи, не се прават рутински или не даваат црно или бело одговор.
Неуспехот да се дијагностицира на време или погрешно дијагностицирање води до катастрофални последици. Болестите потешко се дијагностицираат затоа што имитираат други состојби и докторот се оддалечува од правата дијагноза. Некои состојби бараат “дијагноза на елиминација.”
Синдром на нервозни црева – хронична состојба на дебелото црево; болка во стомак, грчеви, надуеност, промени во празнење, опстипација, дијареа. Треба да се исклучат интолеранциа на лактоза, целијакиа, бактериска инфекција, паразити.
Целијакија – имунолошка реакција на глутен која предизвикува воспаление на тенкото црево: дијареа, слабост, губиток на тежина, киселини, болки во зглобови, чешање на кожата, главоболка, депресија, грчеви. Поминуваат години додека да се дијагностицира. Состојби со слични симптоми: чир, Кронова болест, синдром на нервозни црева.
Апендицитис – воспаление на слепото црево. Болка околу папок и во десен долен дел, гадење, повраќање, треска, констипација или дијареа. Болести со кои се меша: Кронова болест, болест во мала карлица, опструкција на црева, колитис.
Хипертироидизам – нервоза, анксиозност, иритабилност, слабеење, срцебиење, тресење на рацете, препотување.
Хипотироидизам – умор, пораст на тежината, тенка коса, промена во цревната перисталтика, осетливост на топло и ладно, отоци.
Слип апнеа – утринска раздразливост, матна глава, суво грло, главоболка. Симптомите може да бидат и од настинка, грип.
Лајмска болест – инфективно заболување предизвикано од бактерија, се пренесува преку убод од инфициран крлеж. Осип, артритис на големи зглобови, воспаление на нерви, главоболка, вртоглавица.
Фибромијалгија – необјасниви симптоми, поплаки без очигледна физичка причина, распространети мускулно скелетни болки, умор, проблеми со спиење, нејасно размислување, анксиозност или депресија; нема дијагностички тест.
Ревматоиден артритис – раните фази на болеста со повремени болки и чувство на вкочанетост може да имитираат други состојби.
Лупус – имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените ткива, комбинација на генетски, хормонски и имунолошки фактори. Симптомите личат на многу болести, различни се кај секого, од благи до силно изразени, се јавуваат и се повлекуваат.
Паркинсонова болест – нема стандарден тест за дијагноза, некогаш се потребни години да поминат да се дијагностицира.
Мултипла склероза – имунолошкиот систем ги напаѓа обвивките на некои нервни завршетоци, се прекинува комуникацијата меѓу мозокот и делови од телото. Симптомите на почеток се различни кај различни особи и може да ги има и во други состојби.
Синдром на хроничен замор – умор без јасна причина, суво грло, главоболка, болки во мускулите, проблем со спиење, проблем со фокусирање. Слични симптоми има при слип апнеа, несоница, проблеми со тироидната жлезда, слабокрвност, дијабетес.
Полицистичен овариален синдром – последица на хормонални промени, цисти на овариуми, нередовна менструација, акни, влакнетост.
Ендометриоза – силни болки во долен дел на стомакот, ткивото што ја обложува матката, ендометриумот расте надвор од матката. Се меша со други состојби кои одат со болка: цисти на овариум, синдром на нервозни црева.