Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистриран e 221 оздравен пациент од: Скопје – 140, Битола – 19, Прилеп – 11, Кавадарци – 10, Куманово – 8, Велес – 5, Охрид и Струмица – по 4, Кратово – 3, Кичево, Струга , Крива Паланка и Богданци – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Ресен, Радовиш, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години. Од пријавените починати лица, 2 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 14.03.2022 год. до 23.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.