„Продавање лаги“ е краток документарец за мрежата на тинејџери во Македонија чии лажни политички вести имаа историско влијание врз американските претседателски избори во 2016 година – објави www.fakulteti.mk.
Филмот е во производство на компанијата „Ревелејшнс ентертејнмент“ на славниот холивудски актер Морган Фриман. Режисерка на филмот е Лесли Ајврекс, која во 2006 година била номинирана за „Оскар“ за краток документарен филм „Рециклиран живот“.
– Во 2016 година стотици македонски тинејџери открија начин како да шират лажни политички вести на „Фејсбук“. Овој редок поглед во социјалната мрежа ја открива вистината зад овие лаги и го прикажува драматичното влијание врз Америка и претседателските избори во САД, велат од продукцијата.
Selling Lies Documentary Short
‘Selling Lies’ is a documentary short about the network of teenagers in Macedonia whose fake political news stories made a historical impact on the 2016 presidential election. Produced by my companyRevelations Entertainment, in partnership with Academy Award-nominated director Leslie Iwerks. You can find out more about the film at Selling Lies Documentary or https://www.sellingliesdoc.com/.
Posted by Morgan Freeman on Wednesday, December 5, 2018