Руската тинејџерка Ирина Рубникова од сибирскиот град Братска загина веднаш откако својот мобилен кој бил приклучен на полнење паднал во кадата додека се бањала. Таа загинала од електрошок.
Несреќата ја потврдиле и од нејзината фамилија. Нејзините најблиски велат дека на Ирина и била практика додека се бања да зборува на телефон.
Инаку, Ирина Рубникова била шампионка во борење, односно, во специјалниот начин на борба кој води потекло од стара Грција, панкратион. Таа пред два месеци победила на првенството на Русија и бил повикана да биде дел од репрезентативниот тим на Русија.
Како што изјавија нејзините пријатели, на Ирина главна цел и била да биде светски шампион.