Осудениот екс-премиер, Никола Груевски, кој за да ја избегне двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“ избега во Унгарија, каде што од локалните власти доби и азил денеска е забележан во еден од рестораните во Будимпешта.
Видео материјалот го сними локалниот унгарски медиум „24.hu“, а на него се гледа како Груевски по излегувањето од ресторанот влегува во возило, без да одговори на прашањето – како дошол во Унгарија и дали унгарските власти му помогнале да влезе во државата.
На видеото се забележува дека Груевски има и сопствен возач.