Германските производители во автомобилската индустрија се принудени да го стопираат своето производство. Индустриските гиганти како Mercedes-Benz, BMW, Volkswagen, како и Porsche, Audi и производителот на камиони MAN веќе го намалуваат, па дури и го запираат производството, заради недостиг на делови.
Ова ќе има директни последици и на компаниите производители од автомобилската индустријата во Македонија. Се заканува стопирање на производството на производителите од автомобилската индустрија кои се дел од интернационалниот синџир на добавувачи во Македонија.
„Сите сме шокирани од војната која започна против Украина и страдањата кои му се нанесуваат на украинскиот народ. Отсега мора да се соочиме со неочекуваните удари кои ќе ја погодат економијата.
Задоволство е што Македонско-германското стопанско здружение (DMWV) ја почна годината со осум компании премиум-членки и две компании ексклузивни партнери кои веќе ги претставивме. Наши премиум-членки се компаниите Мајорел, Актива, Авицена, ЕОС Матрих, ЕВН Македонија, Македонски Телеком, Макпетрол и Квенбергер“, пишува Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.