Веќе три дена наназад нема храна во интернатот за средношколци во Кавадарци.
Наводно, ученичкиот дом должел за храна над 150 илјади денари, па додека не му биде платено, набавувачот одбивал да носи јадење за средношколците.
Во домот во Кавадарци се сместени над 50 деца од цела Македонија, кои се школуваат во три средни училишта во овој град.