Рускиот спорт во последните денови претрпе сериозни удари поради инвазијата на оваа земја во Украина.
Практично сите репрезентации од сите натпреварувања им се исфрлени, а спортистите во индивидуалните спортови не можат да се натпреваруваат под руско знаме. Секако најголем удар за Русија е исфрлувањето од УЕФА и ФИФА. Поради тоа репрезентацијата нема да го игра баражот за Мундијалот.
Жесток удар претрпе и Белорусија чиј тимови и репрезентации ќе мораат меѓународните натпревари да ги играат на неутрален терен и тоа без присуство на публика. Потоа беа исфрлени и од Зимските Олимписки Игри во Пекинг, сега Путин одлучил да го возврати ударот.
Руските медиуми денес пишуваат дека во Сочи ќе се организира посебно натпреварување исклучиво за белоруски и руски натпреварувања.
„Натпреварувања на кои ќе учествуваат само руски и белоруски спортисти ќе се одржат на олимписките објекти во Сочи. Се разговара за датуми и имињата на новите натпреварувања“.