Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.148 тестови, а регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 225, Битола – 24, Прилеп – 23, Кавадарци – 14, Куманово и Велес – по 11, Тетово – 9, Охрид и Кичево – по 6, Гостивар – 5, Струмица, Штип и Ресен – по 4, Неготино – 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција.
Регистрирани сe 391 оздравени пациенти од: Скопје – 209, Кавадарци и Велес – по 22, Битола – 21, Куманово и Прилеп – по 17, Ресен – 9, Охрид, Струмица и Струга – по 8, Тетово, Гостивар и Кичево – по 7, Штип, Гевгелија, Свети Николе и Крива Паланка – по 4, Кочани, Неготино и Богданци – по 3, Пробиштип, Кратово, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.