Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи со КОВИД-19, десет починати и 414 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 467 случаи од Скопје се 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид – 13, Струга и Ресен – по 8, , Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и Дебар – по 6, Гостивар – 5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.
Регистрирани сe 414 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Битола – 28, Кавадарци и Велес – по 26, Куманово – 21, Прилеп – 19, Штип – 13, Тетово – 12, Струмица – 10, Кичево – 9, Крива Паланка – 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Струга – 5, Радовиш – 4, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3, Охрид, Ресен и Валандово – по 2, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица од кои четири од Скопје ( 88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.