Србинот му испрати емотивна порака на Словакот, кој беше крај него уште од 2006 година.
“Какво заедничко патување Маријан. 15 години! Бевте покрај мене во најважните и незаборавни моменти во мојата кариера. Заедно го постигнавме недостижното и вечно ќе ви бидам благодарен за пријателство и посветеност. Секогаш ќе ми биде семејство и не можам да ви се заблагодарам доволно за сè“ напиша Ѓоковиќ на Фејсбук.
Инаку, Ѓоковиќ и Вајда ја договорија разделбата уште по завршувањето на минатата сезона, а сега ја официјализираа. Всушност ова е втор прекин на соработката помеѓу двајцата, бидејќи се разделија кратко и во 2017 година, но Словакот потоа повторно се врати во таборот на Србинот.