Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 246, Велес – 25, Битола – 24, Прилеп – 22, Тетово, Кавадарци и Ресен – по 17, Куманово – 15, Гостивар и Гевгелија – по 10, Штип – 7, Охрид и Свети Николе – по 6, Струмица, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 5, Кочани – 3, Струга, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (457), регистрирани се 74 реинфекции.
Регистриран сe 447 оздравени пациенти од: Скопје – 267, Велес – 34, Куманово – 24, Кавадарци – 18 ,Битола – 15, Прилеп – 14, Дебар – 13, Тетово – 11,Кичево – 10, Струмица – 6, Гевгелија, Штип и Неготино – по 5, Гостивар – 4, Ресен, Кочани и Берово – по 3, Крива Паланка и Радовиш – по 2, Свети Николе, Пехчево и Пробиштип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје ( 76г и 80г) и по едно починато лице од Крива Паланка (64г), Радовиш (82г), Прилеп (75г), и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2), Велес (1). Починатите лица се на возраст од 71г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 22.02. до 25.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.