Манчестер Јунајтед на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Валенсија ќе игра со деца.
Жозе Мурињо реши да ги одмори стандардните првотимци, па донесе одлука да го повика талентираниот Нигериец, Шола Шортаер, кој има само 14 години.
Покрај него за мечот со Валенсија повикан е и дефанзивецот Вил Фиш, кој неодамна наполни 15 години.
Се очекува Мурињо и на двајцата да им даде шанса да заиграат за првиот состав.