Вработените во Клиничкиот центар денеска на протест го изразија своето незадоволство поради одлуката на Советот на Град Скопје, според која, цената за месечно паркирање за вработените во Клиничкиот центар се зголемува на 800 денари. Досега тие плаќаа по 350 денари месечно и очекуваат одлуката да биде повлечена. Истакнаа дека нема да отстапат од барањата и ќе протестираат додека одлуката не биде повлечена.
– Револтот ќе го изразиме со блокирање на наплатата за излез од Клиничкиот центар и тоа секој ден од 10 до 10:30 часот. Да знаат сите дека во тој период ние ќе ја блокираме наплатата, а во знак на револт нема да ги плаќаме ни досегашните 350 денари за паркинг- рече д-р Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клиничкиот центар на денешниот протест на вработените на скопските клиники, што се одржа во кругот на центарот.
Решавање на хаосот со сообраќајот на Клинички Министерството за здравство најави пред околу еден месец, кога со Град Скопје договорија да се отворат уште два излези од Клинички, две улици од еднонасочни да станат двонасочни, да се обезбеди посебна лента за влез на возилата на брза помош и изградба на две катни гаражи.
Фото – СДК