Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми:
-Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!!
• Отежнато дишење
• Малаксалост
• Поспаност
• Срцева слабост
• Проблеми со меморија
• Паѓање на косата
• Влошување на дијабетот ….
Ова се само дел од манифестациите на овој синдром. Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години, пишува Беќаровски.