Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 4.939 тестови, а регистрирани се 1.722 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 1.011, Кавадарци – 85, Куманово и Битола – по 83, Прилеп – 51, Тетово и Велес – по 50, Гостивар – 37, Валандово – 30, Охрид и Кичево – по 26, Радовиш – 22, Гевгелија – 21, Струмица – 20, Неготино – 19, Струга – 17, Кочани – 13, Делчево и Богданци – по 12, Крива Паланка – 11, Ресен – 9, Штип – 5, Свети Николе – 4, Берово, Дебар, Виница, Кратово, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.722), регистрирани се 250 реинфекции.
Регистрирани сe 1.942 оздравени пациенти од: Скопје – 663, Битола – 250, Кавадарци – 151, Куманово – 106, Тетово – 82, Кичево – 64, Прилеп – 62, Велес – 61, Гевгелија – 51, Струмица – 50, Ресен – 45, Неготино – 43, Гостивар – 42, Охрид – 33, Струга – 27, Радовиш – 22, Штип – 21, Кочани – 20, Крушево – 19, Валандово и Свети Николе – по 18, Богданци – 16, Делчево и Крива Паланка – по 15, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 8, Берово – 6, Дојран и Демир Капија – по 5, Кратово – 4, Дебар, Виница и Пробиштип – по 3, Пехчево – 2, Демир Хисар – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес ( 68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г). Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица, Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г. Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 05.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.