Луѓето кои биле заразени со сојот омикрон, а не биле вакцинирани, речиси и да не стекнуваат имунитет против Ковид-19, според лабораториска студија на Институтот за вирусологија на Медицинскиот универзитет во Инсбрук.
Во изјава за агенцијата АПА, вирологот Занин Кимпел објасни дека само повеќекратниот контакт со вирусот штити. Тој вели дека оние кои се заразиле со сојот омикрон дефинитивно треба да се вакцинираат.
Кимпел објасни дека вакцинираните имаат висок имунитет, како и оние кои се заразиле по втор пат.
Луѓето кои досега не биле заразени со Ковид-19, ниту пак биле вакцинирани, создале неутрализирачки антитела само против омикрон, а не и други видови на корона вирусот.