Притвор во траење од 30 дена доби 20-годишен скопјанец во чиј дом при полициски претрес бил пронајден пушкомитралез.
Како што информираат од обвинителството, при извршен претрес во домот на осомничениот од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, кај него бил пронајден пушкомитралез од типот degtyarev type 56 RPD, со калибар 7,62Џ39 милиметри од кинеско производство. Станува збор за оружје наменето за испалување муниција поставена во реденик, со автоматски режим, односно оружје кое им е забрането на граѓаните и за кое извршената анализа покажала дека исправно функционира.