Комисијата за заразни болести ќе ја води проф. д-р Петличковски, нов член и проф.д-р Беќаровски, а д-р Мехмедовиќ портпарол

by Тони Зографски

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје е именуван за портпарол на Комисијата за заштита на населенито од заразни болести, којашто отсега ќе ја води проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија.

Нов член на ова советодавно тело на министерот за здравство ќе биде и проф.д-р Нико Беќаровски, токсиколог.

Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски. За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.

останати вести