Мадрид и Буенос Аирес експлодираа (ГАЛЕРИЈА И ВИДЕО)

by Тони Зографски

Вчера во епското финале од Копа Либертадорес Ривер ја победи Бока со 3:1 и така стигна до својата четврта титула.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 108-та минута кога Кинтеро со еден одличен удар го совлада голманот на Бока и погоди за 2:1. Подоцна Мартинез во последните секунди само ја потврди победата.

Во Буенос Аирес  и Мадрид вчера се славеше на големо.  Тие што дојдоа во Мадрид и се радуваа на трибините на „Сантјаго Бернабеу“ на шампионскиот трофеј, не можеа туку така да си заминат од шпанската престолнина, па по мечот  се собраа кај „Пуерта дел Сол“ и таму до доцна во ноќта пееа славејќи го големиот успех.

Исто така, најсексапилната аргентинска пејачка Мелисиа, која е голем навивач на Ривер плејт, не издржа и експресно објави провокативна фотографија по танга, истакнувајќи го својот задник во преден план, за да му ја честита јужноамериканската титула на својот омилен тим.

На социјалните мрежи се издвојува и едно видео во кое една навивачка на Ривер скоро и да ги изгуби гласните жици прославувајќи ја победата на својот балкон.

https://twitter.com/twitter/statuses/1071931106788823042

https://twitter.com/twitter/statuses/1071899468046458881

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com