Фудбалската федерација на Македонија денес во Охрид го одржа вонредното генерално Собрание, на кое Делегатите на ФФМ со големо мнозинство, 88 од вкупно 96, изгласаа ЗА промена во сопствениот Статут на ФФМ
Од новоизгласаните членови во Статутот на ФФМ, сега е донесена промена со тоа што кандидатот не смее да ја надминува старосната граница за пензионирање во Македонија, 65 години. За разлика од досега кога можеа да се кандидираат и лица на возраст до 70 години
Сега претседател на ФФМ може да биде фудбалски работник кој има константно работење во фудбалот од четири години, а исто така и да биде претставник на некој Општински фудбалски сојуз. Исто така кандидатот за претседател на ФФМ порано се избираше само од редот на делегатите, а сега е направена измена дека кандидатите не мора во тој момент да бидат активни членови во Фудбалската федерација. Се остава можност, кандидатот и во минатото да имал активност во македонскиот фудбал.