Пикот на актуелниот бран ќе биде на средината од февруари, бројките ќе бидат високи, но траењето на заразеноста е пократко, вели проф. д-р Радмило Јанковиќ, заменик директор на Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Тој наведе дека спуштањето на епидемиолошката крива се очекува во наредниот период.
– Ќе имаме релативно мирна пролет и мирно лето, конечно ќе му се вратиме на нормалниот живот. Веројатно и ќе ги симнеме маските, бидејќи делува дека короната со омикронот го трча последниот круг – вели Јанковиќ.
Лекарот додава и дека омикронот успеал да го воспостави природниот еволутивен пат помеѓу вирусот и неговиот домаќин, односно создадени се услови за соживот.
– Вирусот ќе се пренесува меѓу луѓето и во иднина, но нема да им го загрозува животот, а нема да претставува проблеми ширм планетата во правец на слободно движење и функционирањето на економијата. Сепак, треба да почекаме да видиме да помине зимскиот период на јужната хемисфера и да видиме дали не чека нова мутација – додава тој.