“Не сакам да бидам запаметен како глупак во историјата кој што тргнал со добра намера да помогне на еден народ, но од македонска страна имаат обичај да тресат. Треба да се осветат и да станат нормален народ, да не кажам добри Бугари “, изјави министерот за одбрана и вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов во емисијата “Недела 150“ на Бугарското национално радио.
Тој еден ден претходно му се се обрати на премиерот Зоран Заев, да не ја злоупотребува темата со македонскиот јазик и дека тоа ќе го чини ЕУ и НАТО.
Вчера МНР испрати реакција за ставовите на Каракачанов.
Изјавата е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателства .Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот, се вели во соопштението на МНР.