Еден од најбогатите луѓе на светот и филантроп, Бил Гејтс, вели дека иако варијантите делта и омикрон на Ковид-19 се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс.
Тој ова го рече по ветувањето дека Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ќе им дадат 150 милиони долари на Коалицијата за иновации и подготовки за епидемијата CEPI.
Донацијата ќе биде искористена во борбата против ковид 19, како и за сите потребни подготовки за идните пандемии.
„Додека светот се бори о вируот кој брзо се развива, потребата за новите алатки кои спасуваат живот, никогаш не биле поважни и поитни. Нашата работа во изминатите 20 години не научи рано да вложуваме и истражување за да можеме да спасиме што е можно повеќе животи и да ги спречиме најлошите можни сценарија. Пред пет години, по епидемијата на ебола и вируот зик, нашата фондација помогна да се покрене CEPI. Денес ја зголемуваме нашата посветеност и ветуваме дополнителни 150 милиони долари за да помогнеме на CEPI, да го забрза развојот на безбедни и ефикасни вакцини против новите варијанти на коронавирусот и да се подготви, а можеби и да ја спречи следната пандемија“, рече Гејтс.
CEPI има за цел во наредните 100 дена да обезбеди вакцина. Според пишувањата на „Индипендент“, Гејтс ја икористи можноста да апелира до владите да дадат вој допринес за да го спречат ширењето на идните пандемии кои би можеле да вклучат поголем број на смртни случаи од пандемијата со ковидот.