Љубовта преку интернет се претвори во хорор за Грејс Мелејн (22), ќерка на еден британска милионер. Полицијата нејзинотото тело го пронајде во Нов Зеланд, фрлено во еден жбун, на десетина метри од патот.
Осомничениот (26) претходно преку интернет се допишувал со Грејс, a последен пат е виден како со неа стои пред нејзиниот хотел. Тој е обвинет за убиство и е притворен.
Инаку, Грејс Мелејс на Нов Зеланд пристигнала на 20-ти ноември, по ексукрзијата во Перу. Таму зела автомобил преку рентакар, одседнала во хотел, но, по 10 дена и се губи секој траг.
Нејзиниот татко, градежниот милионер Дејвид Мелејн, одкако Грејс исчезнала, веднаш пристигнал на Нов Зеланд. Oдржал прес конференција на која ја опишал својата ќерка како отворена, љубезна и преслатка личност и побарал помош во истрагата.