Иако омикрон-варијантата на коронавирусот дава симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно на тоа да се побара лекарска помош.
Поголемиот дел од пациентите со ковид-19 се соочуваат со гребење во грлото, но експертите во пракса утврдиле и три симптоми кои ги дава омикрон, а кои не се појавуваат при настинка.
„Единствената карактеристика на короната е губењето на чувството за мирис и вкус, што нема да се случи при настинка“, вели д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар Шарп Чула Виста во Сан Диего, додавајќи дека вториот показател е што обичната настинка не предизвикува силна треска и силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон.
„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста дека имате ковид“, вели Шао, истакнувајќи дека ова се разликите помеѓу обична настинка и ковид-19.