Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.