Необичен настан се случил во центарот на сицилијанскиот град Катанија, каде минувачите останале шокирани.
Наводно гола жена фрлала работи како книги и некои потешки предмети кон луѓето кои ја преминувале улицата.
Нејзините бизарни постапки го привлекле вниманието на минувачите и соседите кои ја алармирале полицијата. Полицијата веднаш интервенирала, но инцидентот продолжил неколку минути, а госпоѓата продолжила да фрла предмети на улицата. За среќа, никој не е повреден во инцидентот.