Сите гледале во раскошните облини во латекс: Ким Кардашијан многумина остави без зборови (ФОТО)

by Тони Зографски

Ким Кардашијан веќе некое време привлекува внимание од јавноста. Таа работи напорно на промотивната турнеја за втората сезона на „All’s Fair“, а секое нејзино издание е приказна само по себе. Неодамна во Њујорк покажа интересен фустан со длабоко деколте, а сега на архивската креација ѝ даде модерен пресврт.

Имено, за уште една премиера на серијата во Њујорк, таа избра фустан од „Пако Рабан“ во боја на праска, направен од латекс и интересен ланец што се протега по целата должина на силуетата.

Фустанот е дел од колекцијата висока мода пролет/лето 1996 година, а ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, односно нејзините прекрасни облини.

За да го комплетира стајлингот, познатата реалити ѕвезда додаде високи потпетици и ја остави косата слободно да паѓа по грбот.

Што се однесува до шминката, таа ја избра вообичаената комбинација од „nude“ тонови што ги истакнуваа нејзините црти на лицето.

останати вести