Гробот на Есма доби надгробна плоча. На бел мермер е поставена нејзина слика, испишан е животниот век а е уредена и околината на гробното место. Според напишаното, споменикот на Реџепова-Теодосиевска го подигна Владата на Република Македонија.
„Подигнувањето на спомен обележје на кралицата на ромската музика на нејзиното вечно почивалиште доаѓа по две години од нејзината смрт. Во изминатиот период, гробното место на Есма беше речеиси необележано заради недоразбирања меѓу нејзините внуци и посвоени деца“