Во Велес се одржа акција за пошумување, која се одвиваше на локалитетот ,,Вршник,, – објави порталот http://tirekovmirece.com. Се засадуваше багрем на три хектари, а учествуваа околу 200 лица, најмногу вработени во општински институции на локалната власт.
Засадени беа околу 6 илјади садници со багреми обезбедени од општински буџет и 2 илјади садници од ШС Бабуна -јавор и јасен. Од неделава, поради претходно долготрајната суша, Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес започна голема акција на засадување на опожарените површини во близина на автопатот Велес- Скопје. Се засадуваат 30 хектари со багрем, јавор и јасен. Ова пошумување треба да заврши до крајот на годинава.