Откриено е и кој е најодговорен за измачувањето на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, на кој му е поништена визата за влез во Австралија и настап на првиот Грен слем сезонава, пред да поднесе жалба.
Неговото име е Мајкл Аутрам, комесар на австралиските гранични сили и човек кој сам извел остри потези, како што се наведува во медиумиските извештаи.
Аутрам е одликуван полицаец и шеф на одделот за царина и миграција, познат на локалната јавност под прекарот „Супер агент“.
На таа позиција е од 2018 година, а сега во „CV“ ќе може да се „пофали“ дека го блокирал Новак Ѓоковиќ, еден од најголемите спортисти на сите времиња.
Локалните медиуми наведуваат дека Аутрам го имал последниот збор да му одобри влез на Новак во Австралија.
Неговиот оддел не го прифати медицинското ослободување на Ѓоковиќ и му ја одби визата, а потоа поради жалба го испрати во хотел во карантин до конечната одлука.
Аутрам веќе објави дека се размислува за депортација на Ѓоковиќ со забрана за влез во Австралија во следните три години.
„Супер агентот“ сака српскиот тенисер да биде вистински пример за тоа како неговите функционери го „држат законот“.
Аутрам остро го критикуваше и директорот на Австралија опен, Крег Тејли.
Фото: EPA/M.A.PUSHPA KUMARA