Австралиските власти не дозволија во текот на денешниот ден, кога дел од православните христијани го празнуваат Божиќ, Новак Ѓоковиќ да биде посетен од свештениците на СПЦ во Мелбурн.
– Сакаме да ја известиме јавноста дека денеска, на деот кога спрските православни верници го слават христовото раѓање, старешината на храмот Света Тројца во Мелбурн протојерејот-ставрофорот Милорад Лончар, беше одбиен од австралиските погранични власти во молбата да го посети Новак Ѓоковиќ. Образложението вели дека не е дозволен влез во притворниот дел од објектот за мигранти, поради рестрикциите против ковид-19 кои се на сила – се вели во соопштението на австралиско-новозеландската епархија на СПЦ.
Инаку во меѓувреме се појави и писмото од Тениската федерација на Австралија, кое им било испратено на тенисерите, а со кое се известуваат можните учесници на турнирот во Мелбурн дека право на настап ќе имаат сите партиципанти кои го прележале вирусот во изминативе шест месеци, без разлика дали се имунизирани.
Serbian fans on Christmas in front of the hotel where #Djokovic is at. pic.twitter.com/xlPnbxru2o
— Saša Ozmo (@ozmo_sasa) January 7, 2022