Од изутринава во Париз, каде почнаа протестите на “жолтите елеци“, уапсени се 320 лица под сомнение дека планирале насилство над луѓе или уништување на објекти, соопшти управата на париската полиција. Превентивните апсења се извршени во текот на контролата на личните документи и проверката на демонстрантите на главните пунктови на кои изутринава се собраа, пред се кај Елисејските полиња и Плоштадот Бастилја.
Полицијата денеска претпладне испука солзавци врз демонстрантите на Плоштадот Етоал во Париз, пренесуваат француските медиуми.Портпаролката на полицијата соопшти дека на Елисејските полиња се наоѓаат околу 1.500 демонстранти.
Во Париз затворени за посетителите се главните музеи Лувр, Орсе, Оранжери, етнографскиот музеј Барнли. Попречен е и пристапот до Ајфеловата кула, откажани се многу театарски претстави и други културни манифестации, поради што загубата се проценува на повеќе од 100 илјади евра. На западот од француската престолнина затворен е и посетениот комплекс дворци Версај.
Агенцијата Асошиејтед прес пренесува дека денеска во Франција мобилизирани се 89.000 полицајци, за разлика од минатиот викенд, кога на улиците на градот беа распоредени 65.000 полицајци. Во Франција се затворени 320 метро-саници.
Стотици белгиски полицајци се мобилизирани и во Брисел. Дел од денешните протести се планирани пред главните институции на Европската унија, кои не работат во сабота, а останатите се закажани за во центарот на белгиската престолнина.
Во Холандија, за денеска се планирани мирни протести во Амстердам и Ротердам.
Fransa'da "sarı yeleklilerin" düzenleyeceği büyük gösteri öncesinde 100 bine yakın polis konuşlandırıldı. Paris'te 8 bin polisin görev yapacağı belirtilirken sabahın erken saatlerinde polisler sokaklara konuşlanmaya başladı. #Yellowjacket #GiletJaunes https://t.co/b3c157gIrp pic.twitter.com/aSSgkXvymh
— Star Dünya (@StarDisHaberler) December 8, 2018