Поранешниот заменик-министер за образование и долгогодишен член на СДСМ, Петар Атанасов, ќе формира нова партија, потврди тој за Канал 5.
Според Атанасов дојдено е време за нова политичка сила во државата која би ги обединила незадоволните и од социјалдемократските, но и од политиките на другите партии, како и сите граѓаните кои, како што вели, сакаат подобра иднина.
Атанасов кој активно се ангажираше и јавно го поддржа Максим Димитриевки за независната градоначалничка кампања засега не откри дали кумановскиот градоначланик ќе биде дел од потенцијалната нова партија.
-Иницијатвата за формирање на партијата се уште е во зачеток, а кога ќе биде официјализирана ќе зависи од составот на новата Владата и компетентноста на кадровските решенија што ќе ги испорачаат органите на СДСМ, вели за Канал 5 Петар Атанасов..