Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.592 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Прилеп – 12, Битола – 10…
Регистрирани сe 193 оздравени пациенти од: Скопје – 78, Кавадарци – 20, Битола – 18, Прилеп – 14, Куманово – 12, Охрид – 10…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (46г, 58г и 89г), по 2 починати лица од Прилеп (73г и 80г) и Охрид (59г и 88г), по едно починато лице од Берово (53г), Струмица (65г), Битола (80г), Кавадарци (80г), Куманово (83г), Ресен (88г) и Кичево (91г). Од пријавените, 13 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.