Еден од најмоќните менаџери во светот, тетовецот Фали Рамадани се наоѓа под истрага на даночната полиција во Италија поради сомнителни трансфери, објавија локалните медиуми. Рамадани се сомничи за перење пари и даночно затајување.
Поради сомнителни трансфери, финансиските инспектори и даночната полиција влегоа во девет прволигашки и два второлигашки клубови за да соберат документација за спорните трансфери, меѓу кои има неколку звучни имиња.
Весникот „Кориере дела Сера” објави дека сомнителни се трансферите на Калиду Кулибали во Наполи, Федерико Киеза во Јувентус, Миралем Пјаниќ во Барселона и продолжувањето на договорот на Самир Хандановиќ со Интер. Како спорен се наведува и договорот на Маурицио Сари на клупата на Наполи.
Инаку Рамадани и лани се најде во голем проблем откако Шпанија го обвини за перење пари. Имено, цивилната гарда на Шпанија цели шест часа му ја претресувала куќата на Мајорка.