Националната и повеќекратна шампионка на Хрватска во шах, Марина Зелиќ, почина од срцев удар за време на натпревар на Меморијалот Крунослав Хулак.
Брзата помош веднаш стигнала, но за жал не успеале да ја реанимираат.
„Госпоѓата се пожалила на болки околу 19. 30 часот. Некој од играчите пријавил дека не се чувствува добро. Тие повикале Брза помош, а и помогнал еден господин. Сепак, по реанимацијата, не успеале да ја вратат во живот“, пишуваат хрватските медиуми.
Таа беше повеќекратна шампионка на Хрватска во шах. Со овој спорт таа се бавеше целиот свој живот, а и речиси целото нејзино семејство е во овој спорт.