Д-р Ненад Лазаров во емотивен статус на Фејсбук реагира на тешката ситуација во која се наоѓа медицинскиот персонал во земјава поради епидемијата на коронавирусот.
“Посипица е на терен од болни со негативен тест за ковид а безмалку полна ковид симптоматологија. Паралелно има и бран на многу “налик грипозни” болни, преполовен персонал насекаде…. Бајачи не сме да диференцираме од око на кој што му е, тестови нема, уморни сме сите! Ова веќе е невидено и пак ќе резултира со жртви, Комисија за заразни болести, министер, АЛО, план некаков, стратегија некаква? “, пишува д-р Лазаров.